Во собраќајка кај Кичево, почина мотоциклист

Во сообраќајна несреќа што се случи пред околу еден час во близина на село Другово, на патот Кичево-Охрид  помеѓу мотор и тешко товарно возило загина едно лице. Од СВР -Охрид информираат дека се работи за тешка сообраќајка помеѓу мотор и тешко товарно возило, во која мотоциклистот починал.
Медицинска екипа како и екипа на МВР се излезени на терен. Со деталите за собраќајката МВР ќе излезе во текот на утрешниот ден.
Заради несреќата на патот кон Охрид, пред клучката што ги поврзува Демир Хисар и Битола, сообраќајот е во прекин.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.