Во сообраќајки во Скопје викендов 1 потешко и 28 полесно повредени

Еден велосипедист се здобил со тешки телесни повреди, а 28 лица со лесни телесни повреди во 18 од вкупно 34 сообраќајни незгоди што се случиле изминатиот викенд на подрачјето на Град Скопје.
Во 16 сообраќајни незгоди е причинета материјална штета.
Од сообраќај, според податоците на СВР Скопје се исклучени 76 возачи кои се движеле со погоелма брзина од дозволената, 49 возачи кои управувале возило под дејство на алкохол, 39 пред да се стекнат со право на управување на моторно возило, седум возачи почетници и 38 нерегистрирани возила.
За непрописно паркирање се издадени 141 казна, а со специјалното возило „пајак” подигнати се 99 возила.
Казнети се и двајца пешаци кои поминале коловоз вон пешачки премин, осум возачи кои поминале крстосница на црвено светло, седум возачи кои не дале првенство на минување на пешаците на обележан пешачки премин, четворица возачи за неправилно престројување, тројца за неправилно престигнување, еден возач за не давање првенство на минување на возилата во зона на крстосница.
Санкционирани се пет возачи за не користење на заштитен шлем на вел со мотор, мопед и мотоцикл, тројца возачи на неносење сигурносен појас за време на управување на моторно возило и осум возачи за користење мобилен телефон за време на управување на моторно возило.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.