Во тек се антитерористички проверки: Дојави за бомби во 15 училишта во Скопје

На електронските адреси на 15 училишта во Скопје (13 средни и две основни) попладнево е упатена закана за поставена експлозивна направа, во дел од објектите веќе се завршени проверките и е утврдено дека станува збор за лажни пријави, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Во тек се антитерористички проверки: Дојави за бомби во 15 училишта во Скопје

-Веднаш по добиените пријави до СВР Скопје, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на објектите и во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случаите. Во дел од објектите се завршени проверките и утврдено дека станува збор за лажна пријава. Во останатите, проверките се во тек, наведуваат од МВР.
Како што најави претходно премиерот Димитар Ковачевски, денеска ќе се одржи координативен состанок на безбедносните служби, каде што ќе се разговара за состојбата со лажните дојави за бомби во изминатиот период.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.