Вчера четири лица се здобиле со повреди откако се судриле две возила на патот Кичево-Гостивар.
Во 12:30 часот вчера било пријавено дека на магистралниот пат Кичево-Гостивар се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило “Шевролет Спарк“ со охридски регистарски ознаки, управувано од 19-годишниот А.Б. од Струга и патничко моторно возило “Фиат Браво“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 35-годишниот Д.С. од Скопје.
Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле возачот А.Б. и сопатник од истото возило, 28-годишниот Е.И. од Струга кои биле пренесени во Медицинскиот центар Гостивар за укажување на лекарска помош.
Со телесни повреди се здобиле двајца сопатници М.Ѓ.(40) и М.М.(22) и биле пренесени во Медицинскиот центар Гостивар за укажување на лекарска помош.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Полициската станица Гостивар.