Едно лице загина, а едно е повредено во сообраќајна несреќа, што се случи околу 4:20 часот на патот Струмица-Радовиш, кај крстосницата за селото Радичево, информираше Вернер Стоилов од Територијалната противпожарна единица на Струмица.
Во несреќата учествувале камион марка „ДАФ“ и автомобил „Шаран“. Во извлекувањето на загинатиот и повредениот од автомобилот учествувале шестмина пожарникари и едно противпожарно возило со употреба на хидроулична алатка.
Повредениот е пренесен во Општата болница во Струмица.