Седумнаесет луѓе загинаа во уривањето на недовршената петнаесеткатница во трговскиот и деловен цента на танзанискиот град Дар-ес-Салам во петокот, објавија во саботата локалните власти.Зградата која била во изградба се урна во петокот наутро, при што околу шеесетина лица, меѓу кои и деца кои играле во близината и две жени кои имале штандови таму, останаа под урнатините.Брзиот развој на економијата во Танзанија влијае врз тамошниот градежнички бум, но брзината на градењето честопати предизвикува и занемарување на градежните стандарди коишто треба да ги задоволат критериумите и квалитетот на градбите.„Можам да потврдам, дека според последните податоци што ги добивме, од под урнатините се извлечени 17 безживотни тела“, изјави за Reuters, гувернерот на Дар-ес-Салам, Мек Садики.Повторил дека веднаш по уривањето на објектот биле извлечени 18 луѓе, дека потрагата по преживеаните продолжува, како и дека спасувачките екипи работеле и во текот на изминатата ноќ.
МакфаксСедумнаесет луѓе загинаа во уривањето на недовршената петнаесеткатница во трговскиот и деловен цента на танзанискиот г