Седумдесет идве лица загинаа во уривањето на зградата којашто била во изградба на периферијата на индиската финансиска престолнина Мумбаи, во западниот дел од државата, според последните податоци кои во саботата ги објави локалната полиција којашто трага по одговорните за ова нелегално градилиште.Бројот на загинатите, претежно градежни работници од Мумбаи во потрага по работа, не престанува да расте од петокот. „Бројот на мртвите засега изнесува 72-ца“, изјави Сансдип Малви, портпаролот на округот Тхане во кој се случи уривањето, 35 километри од Мумбаи.Седумкатницата се урна во четвртокот навечер по локално време, според очевидците, како кула од карти, спречувајќи ги напорите на спасувачките екипи до потрагата по евентуално преживеаните под урнатините.Според локалната телевизија NDTV, меѓу загинатите најмалку 25 се деца, од 35-те семејства коишто се вселиле во недоизградената седумкатница. Во саботата од под урнатините била извлечена една жена којашто под остатоците од зградата мина 36 часа.Со помош на булдожери во саботата спасувачките тимови продолжуваат со напорите за отстранување на урнатиот материјал и ослободување на лицата што се приклештени под осум метри високиот куп од железо и бетон.Претставникот на локалната полиција К.П. Рагуванши изјави дека неговите служби покренале кривично гонење против двајцата градежни претприемачи Салил Џамадар и Халил Џамадар поради „убиство од небрежност“, по коишто се трага. Двајцата се во бегство со нивните семејства и по нив е распишана потерница. Главниот министер на индиската сојузна држава Притхивираџ Чаван нареди и спроведување истрага зашто дивоградбата не мила сопрена навремено.Пожарите и уривањето на висококатници во Индија се чест, поради тоа што повеќето се градат без дозволи од сојузните органи и без почитување на безбедносните стандарди. Така, кон крајот на февруари, околу 20 луѓе загинаа во пожар што изби во нелегално изграден трговски центар во Калкута, главниот град на сојузната држава Западен Бенгал.
МакфаксСедумдесет идве лица загинаа во уривањето на зградата којашто била во изградба на периферијата на индиската финансиска