Во Франција е уапсен екстремист, кој планирал напад за време на Олимписките игри

„Браво за агентите на МВР кои уапсија припадник на ултрадесничарот осомничен дека планирал насилен чин за време на Олимписките игри. Ќе продолжиме со постојаната борба за безбедноста на францускиот народ“, објави Дарманен на платформата X.

Француските медиуми објавија дека млад човек од регионот Алзас, кој бил администратор на групата на Телеграм наречена „Француска ариевска дивизија“ каде се заканувал дека ќе изврши напади за време на Олимписките игри, е испрашуван од антитерористичка полиција.

Олимписките игри во Париз ќе се одржат од 26 јули до 11 август.

Пронајдете не на следниве мрежи: