Гледајте внимателно. Има викање, скандирање, свиркање…
Годинава, најголемиот срам се случи на фрлањето на крстот во Штип, кога дојде до тепачка помеѓу луѓето кои се обидувале да го фатат крстот, кои очигледно заборавиле која е мисијата на празникот.
Тие неколку минути во водата, пред очите на присутните верници се туркаа, удираа и го влечеа крстот, обидувајќи се да докажат кој прв го фатил. Сепак на крајот, свештеникот ги смири, кажувајќи им дека момчето со црната маица прво го фатило крстот.