ВО ШТИПСКАТА ИНФЕКТИВНА КЛИНИКА ВЕЌЕ НЕМА СЛОБОДЕН КРЕВЕТ

Инфективно во Штип исполнето до последен кревет. Се лекуваат 35 пациенти. Освен еден сомнителен случај сите се со потврден корона вирус. Седум се со потешка клиничка слика и повремена кислородна подршка.
Од Клиничката болница велат дека нема место за паника. Известени се лекарите од неврологија ако има потреба за преселба на нивните пациенти, со што ќе се добијат дополнителни 15 кревети.
Отако корона вирусот влезе во текстилните фабрики, бројот на новозаразени континуирано расте од крајот на Мај. Евидентиран е и првиот случај на заразен во штипскиот затвор. Работел на набљудувачница, па немал контакти со осуденици, но петмина негови колеги се во изолација. Директорот вели дека нема опасност за осудениците, се почитуваат сите протоколи, а осудениците добиваат и дополнителни средства за дезинфекција.
Во моментот во Штип активни се 160 случаи. Добра вест е дека последниве три дена има 59 оздравени пациенти.
Освен во Штип фабрички кластери се појавија и во Свети Николе. Според градоначалникот на оваа општина, најголем дел од заразените со вирусот очекуваат втор негативен тест, а состојбата внимателно се следи во текстилната фабрика каде има двајца заболени, а се следат и контактите на поштар од Лозово, кој на работа одел до средината на минатата недела.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.