Во Јапонија е продадена туна за неверојатни 257.000 евра

Туна тешка 212 килограми е продадена за 36 милиони јени (257.000 евра) на новогодишна аукција во Токио. На наддавањето рибата достигна двојно повисока цена од минатата година.

Ова укажува на тренд на закрепнување на пазарот по три години пад на цените поради пандемијата.
Инаку, рекордот за тоа на пазарот во Токио е 2,7 милиони евра за туна тешка 278 килограми. Јапонскиот бизнисмен Кијоши Кимура, познат како „кралот на туната“, платил толку во 2019 година.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.