Во Јужна Африка 8,5 отсто од војниците серопозитивни

Јужноафриканската армија има приближно 8,5 отсто серопозитивни, изјави во вторникот началникот на воената санитарна служба Веџа Рамлакан во обидот да ги демантира информациите според кои ХИВ вирусот е присутен на ниво од 28 отсто кај припадниците на војската.

 Истражувањето спроведено во 2012 година „укажува на распространетост од 8,5 отсто”, меѓу приближно 79.200 јужноафриканските војници „во споредба со национална стапка од околу 19 отсто” соопштија надлежните власти.
Јужноафриканско Република најзафатената земја во апсолутни бројки со речиси шест милиони заболени кои живеат со ХИБВ вирусот и принудени се, за оние коишто имаат пристап, да земаат ретровирусни лекови кои им овозможуваат нормален живот.
Распространетоста на ХИВ-от е висока и меѓу младите, како и во училишната популација, и покрај засилените напори на владата во запирањето на пандемијата.
Високите воени функционери смеат да ја извршуваат својата должност, иако се заразени со ХИВ.
Mакфакс
Јужноафриканската армија има приближно 8,5 отсто серопозитивни, изјави во вторникот началникот

Пронајдете не на следниве мрежи: