Во автобус од градскиот превоз на Љубљана убиено е едно лице, откако се заканило дека ќе го киднапира возилото и ќе го убие возачот.
Непозната личност го принудила возачот на градски превоз, кој возел на редовна линија, да сврти кон обиколницата, заканувајчи му се дека ќе го убие со шрафцигер. Но, возачот останал присебен и свртел во правецот во кој сакал киднаперот, за потоа намерно да помине на црвено светло на семефор за да ја предупреди полицијата, јавува љубљанско “Дело“.
Словенечката полиција јавува дека дошла до инцидентот и дека едно лице настрадало. Според неофицијални информации, тоа е киднаперот на автобусот.
Наводно и една од патничките успеала да ја алармира полицијата за инцидентот, кој се случил синоќа околу 21 часот, додавајќи дека полицијата неколку пати се обидела да го запре возилото, по што киднаперот бил убиен, соопштуват локалните медиуми.