Водителка за малку ќе настрадаше во експеримент

Австралиската водителка на утринска програма, Наташа Белинг, за малку што не настрада, кога емисијата изгуби контрола, во моментот додека нејзиниот гостин, Џејкоб Стриклинг, позната ѕвезда на Јутјуб каналот, се обидуваше да изведе интересен трик.Тој во шише од газиран сок се обиде да истури течен азот, кој во комбинација со течност, направи шишето да летне во воздухот со неверојатна брзина.
На снимката се гледа како водителката сака да му помогне во изведувањето на експериментот, по што шишето летнува со огромна брзина и поминува веднаш покрај нејзината глава и крши гранка од дрво.
-Ти реков дека ова ќе биде најинтересен телевизиски пренос досега, рече Стриклинг.
-Не слушам со десното уво, одговори Белинг.
 
Тој во шише од газиран сок се обиде да истури течен азот, кој во комбинација со течност, направи шишето да летне во воздухот со неверојатна брзина.

Пронајдете не на следниве мрежи: