Високо среде ценарот на градот, на една летна тераса, легната на лулашка со испружени нозе се сонча таа… нашата Лила. До душа, само ако сте од каршија, на врвот од некоја од околните згради или евентуално од оние што треба да го запрашуваат градот против комарци би можеле да ја видите во живо. Останатите, само на постираните фотографии и видео на нејзиниот Инстаграм профил.
А таму елегантната госпоѓица ТВ водителка во фламинго – розово боди, распослана на летната лулашка во боите на виножитото… Лила се лула… И тоа на покрив!
И сега некој ќе праша, каде има тука скандал? Има! Во нејзините раце. Како што се вика парфемот на Жан Пол Готје кој го држи в раце. Ама, има и во туѓата рака која ѕирка од левиот агол на лулашката на фотографијата. Па, сите се прашуваат чија е раката? Или поточно, кој ја лула Лила?
А, тоа што лулашката е „виножитна“? Можеби е само нејзин мал придонес во поддршката на престојната парада на гордоста во Скопје? Впрочем, добар дел од другарчињата и се декларирани следбеници на „прц парада“ популацијата, па…!
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.