Возач на македонски туристички автобус загинал во несреќа во Италија, 12 патници повредени






Возач на автобус, македонски државјанин роден 1965, загинал денеска во сообраќајна несреќа во Италија, а 12 патници, исто така македонски државјани, се полесно повредени, соопшти Министерството за надворешни работи.

МНР било информирано од нашата Амбасада во Рим дека на автопатот меѓу градовите Асколи Пичено и Анкона во Италија се случила сообраќајна несреќа во која  учествувал автобус на туристичка агенција од Северна Македонија, при што, како што се наведува „на самото место починал возачот на автобусот – Р. И. (1965) додека полесно повредени се 12 патници, исто така наши државјани“.
Како што пренесе италијанската новинска агенција АНСА, несреќата во тунелот Винчи (Купра Маритима) се случила помеѓу три товарни возила – автобусот и два камиона, а од сударот избувнал пожар од еден камион што пренесувал алкохол.
Министерството преку Амбасадата во Рим останува во континуирана комуникација со надлежните италијански институции, кои работат на целосно расчистување на случајот, информираше вечерва МНР.

Извор








Пронајдете не на следниве мрежи: