Возачот кој ја предизвика сообраќајката кај „Млечен ресторан“, при што усмрти 32-годишник, а неговата бремена сопруга ја повреди, поради што го загуби детето, ќе оди во затвор. Ова го потврди министерот за правда Бојан Маричиќ.
Васил Чорбаџиев ја предизвика сообраќајката на 12.10.2018 година, и доби условна казна, а сега истата е заменета со казна затвор од две години.
Во септември судот и обвинителството се сложија дека делото било од небрежност, а не со умисла.
Оштетената Наташа Апостоловска, сопруга на возачот кој загина во сообраќајката, поднесе преставки за работата на судијката Елена Јосифовиќ и обвинителката Снежана Бундалевска Ѓорѓиевски, до Судскиот совер и Советот на јавни обвинители, но одговорност не беше утврдена.
Тогаш според соопштението на обвинителството, поважно било што Чорбаџиев минал на црвено светло, од што свртел на знак забрането вртење лево, а семафорот е исклучиво за пешаци.
Судот му изрекол условна казна затоа што обвиниетиот признал вина.