Англискиот великан Ливерпул и официјално го промовираше вечерва одличниот холандски напаѓач Коди Гакпо, откако завчеравечер ПСВ Ајндховен ја прифати понудата од преку 40 милиони евра за трансфер на репрезентативецот на „лалињата“, кој на СП во Катар даде три гола.
Гакпо денеска ги мина лекарските прегледи и го потпиша договорот, но ќе мора да се врати во Холандија за да ја мине „брегзитовата бирократска процедура“ за работната дозвола, па после Нова година ќе му се придружи на новиот тим откако сè ќе биде завршено.
We have reached an agreement for the transfer of Cody Gakpo from PSV Eindhoven, subject to a work permit, and the forward will join at the start of the January transfer window ?