Сообраќајот на државните патишта се одвива по наместа влажни коловози, наместа со остатоци од кашест снег. Поради ниските температури, на некои места е можна појава на голомразица, а на одредени патни правци кои поминуваат низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони, соопштија ЈП “Македонија пат“ и Автомотосојузот на Македонија кои апелираат на внимателно возење и прилагодување на брзината кон условите на патот.
Надвор од градските средини интензитетот на сообраќај е умерен, а на граничните премини нема подолги задржувања.