Возило излета во близина на тетовското село Челопек

На 17.02.2024 во 10.40 часот во СВР Тетово било пријавено дека на локален пат во с.Челопек, тетовско, на излез од селото, патничко возило „фолксваген бора“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од С.Б.(41) од Тетово, излетало од патот.

Во несреќата, со тешки телесни повреди се здобиле возачот и неговата сопатничка М.Б.(36) од Тетово, констатирани во Клиничка болница Тетово.

Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Тетово.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.