Вознемирувачки дезинформации се споделуваат по социјалните мрежи за Вања

Потрагата по 14-годишната Вања Ѓорчевска од Скопје продолжува и денеска. На барање на Министерството за внатрешни работи распишана е меѓународна потерница од страна на Интерпол.

Само 2 дена пред нејзината смрт, кралицата Елизабета ги напишала овие зборови: „Дојде да ме види…“ Многумина мислат дека тој бил последниот што ја посетил (фото)
Кралицата Елизабета почина на 8 септември 2022 година на 97-годишна возраст.Веста за смртта на кралицата Елизабета на 8 септември 2022 година го изненади светот . Кралицата почина на 97-годишна возраст и зад себе остави нешто што зборува за …
Зеленски ја смени играта: Мора да сториме сè за да ја завршиме војната следната година преку дипломатија
„Украина мора да направи сe што може за да обезбеди војната со Русија да заврши следната година преку дипломатски средства“, изјави денеска украинскиот претседател Володимир Зеленски.Тој оцени дека неговиот руски колега Владимир Путин не е …

Од МВР информираа дека за решавање на случајот и пронаоѓање на 14-годишното девојче е постапено веднаш по добиената пријава, вклучени се целосните капацитети на СВР Скопје на највисоко ниво, извршени се низа разговори со лица блиски на малолетничката, прегледани се камери. Податоците за исчезнатото лице на 28 ноември во 13.00 часот се ставени на Стоп-листа на граничните премини, а на барање на Министерството за внатрешни работи распишана е меѓународна потерница за исчезнато лице од страна на Интерпол, велат од МВР.

Семејството и полицијата постојано апелираат да не се споделуваат дезинформации на социјалните мрежи и во медиумите кои ја попречуваат истрагата и го вознемируваат семејството на исчезнатото девојче. Доколку продолжат да се шират разни вознемирувачки дезинформации за Вања, време е МВР да преземе конкретни мерки и да ги санкционира сите оние кои ја попречуваат работата, а воедно и креираат големи невистини.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.