Вознемирувачко видео: Бритни Спирс си го скршила стапалото додека танцувала

Бритни Спирс на Инстаграм објавила болна снимка од моментот кога го скршила стапалото додека танцувала.
38-годишната танчерка танцувала во студио, а потоа се слуша вознемирувачкиот звук од кршењето. Бритни паднала на подот и се фатила за ногата.


„Не сум танцувала 6 месеци, па баш бев возбудена. И да, знам дека сум боса… П.С. Се слуша како си го скршив стапалото, извинете, многу е гласно“, напишала Бритни покрај снимката.
„OMG побрзо оздрави“, „Ти посакуваме брзо опоравување, ангелу“, се дел од коментарите под вознемирувачкото видео.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.