(Вознемирувачко видео) Ликвидиран висок руски офицер! Разнесен во експлозија на автомобил-бомба! Ги предводеше ракетните напади врз Украина! (ФОТО)

Валери Транковски, висок руски офицер, загина во експлозија на автомобил-бомба.Во градот Севастопол денеска се случи силна експлозија на автомобил-бомба во која загина висок руски офицер, изјави шефот на руските милиции на Крим, Михаил Развозаев, а пренесува Киев Индипендент.Засега не се знае кој стои зад нападот.  Ова не е прв ваков случај, неколку руски офицери кои претходно биле вклучени во конфликтите во Украина биле пронајдени мртви, а биле убиени „под неразјаснети околности“ во Русија или во делови од територијата на Украина кои се под контрола на Русите.Првиот одговор од руското Министерство за вонредни ситуации пристигна околу 10 часот, шест минути по експлозијата.И покрај нивните напори и брзото префрлање на возачот во брза помош, тој набрзо потоа им подлегнал на повредите.Развозаев потврди дека загинатиот бил воен офицер и посочи дека причината за експлозијата сe уште се истражува, истакнувајќи дека „не може да се исклучи можноста за саботажа“.Телеграмскиот канал База тврди дека убиениот руски офицер Валери Транковски (47) е капетан на првата класа на руската Црноморска флота.
⚡️The Security Service of 🇺🇦Ukraine confirmed the liquidation of the chief of staff of the missile ships of the 🇷🇺Russian Black Sea Fleet, Valery Trankovsky, in the temporarily occupied Sevastopol.Trankovsky is a war criminal who gave orders to launch cruise missiles from the… pic.twitter.com/sfDqSy04HQ— 🪖MilitaryNewsUA🇺🇦 (@front_ukrainian) November 13, 2024
Радио Слободна Европа објави дека Транковски претходно служел како шеф на единицата на ракетната бригада која била вклучена во конфликтот во Украина и од чии бродови биле лансирани крстосувачки ракети Калибр кон Украина.
A car bomb likely planted by Ukrainian agents in Sevastopol, occupied Crimea, killed Russian Navy Captain Valery Trankovsky, commander of the Russian Black Sea Fleet’s 41st Missile Ships Brigade. His ships fired hundreds of missiles at Ukrainian cities in the last three years,… pic.twitter.com/NPlb5UeTO2— Yaroslav Trofimov (@yarotrof) November 13, 2024
Рускиот медиум „Маш“ објави дека Транковски бил следен една недела, а на крајот под неговото автомобилско седиште била поставена импровизирана експлозивна направа и наводно активирана од далечина.
Ukraine’s Security Service has confirmed the elimination of Valeriy Trankovsky, head of the missile ship headquarters of Russia’s Black Sea Fleet.Trankovsky was a war criminal who ordered missile strikes on civilian targets in Ukraine. pic.twitter.com/QKnYAXpbVs— KyivPost (@KyivPost) November 13, 2024
Украинските власти официјално не ги коментираа овие тврдења, кои се уште не можат да бидат независно потврдени, пишува Kyiv Independent.

Пронајдете не на следниве мрежи: