Возрасен маж колабираше качувајќи се во автобус после еден час чекање

Во населбата Даме Груев утрово во автобус број „22“, повозрасен човек колабираше по еден час чекање автобус.

-Еден час немаше автобус, а двата што дојдоа немаа доволно капацитет да ги соберат сите патници. Долу беше неподносливо, немаше воздух, изјави еден од патниците за „Слободен печат“.

Патникот посведочи дека возачот повикал Брза помош и седел со патникот додека не дојдат медицинските лица.

– Брза помош чекаме 15 минути. Возачот не трга додека не дојдат, а ЈСП не испрати друг автобус –  додаде патникот.

Пронајдете не на следниве мрежи: