Денес одговарајќи на новинарско прашање кои споменици ќе бидат преименувани и означени како споменици од античка Грција портпаролот на Влада, Миле Бошњаковски рече дека ќе биде формирана комисија која ќе има шест месеци за да утврди кои споменици од античка Македонија ќе се преименуваат и ќе бидат дел од хеленската историја.
– Комисија ќе изврши контрола на спомениците во рок од шест месеци, а дел од оние кои се наоѓаат во центарот на Скопје ќе добијат нов назив, како што на пример е “Воинот на коњ“ ќе биде поставена табла на која ќе пишува “Александар Македонски“ и ќе пишува дека припаѓа на хеленската (грчката античка) историја, кажа Бошњаковски.