Волерс: Загрижени сме поради последните инциденти

Преставниците на меѓународната заедница во Македонија се загрижени поради насилните настани што се случија изминатиот викенд, изјави во вторникот американскиот амбасадор Пол Волерс, кој учествуваше на потпишувањето на Меморандум за соработка меѓу Институтот за национална историја и Институтот за духовно и културно наследство на Албанците од Скопје.

„Овие настани укажуваат дека постои итна потреба токму од иницијативи, како што е оваа, која промовира меѓуетничка хармонија во Македонија”, изјави Волерс.
Оваа нова иницијатива за промоција на поголема соработка и разбирање меѓу историчарите – Македонци и Албанци од Македонија, посочи Волерс, секако е корисен и конструктивен чекор.
„Додека секој меѓуетнички инцидент или обид да се поттикне нетолеранција е лесна можност ситуацијата да се искористи за политички цели, тоа, исто така, е и можност да се отвори дијалог и да се зајакнат врските меѓу различните заедници. Ова е можност за промоција на една горда Македонија која, гледајќи кон иднината, целосно ги почитува сите аспекти на богата разновидност на своето минато”, рече амбасадорот Волерс.
Макфакс
Преставниците на меѓународната заедница во Македонија се загрижени поради насилните настани шт

Пронајдете не на следниве мрежи: