Берзанските индекси на Волстрит во вторникот надокнадија дел од загубите од претходниот ден, бидејќи инвеститорите ги охрабрија добрите деловни резултати на неколку компании, како и стабилизирањето на цените на суровините.Индексот Dow Jones падна за 1,08 отсто, на 14.756 поени, индексот S&P 500 скокна за 1,43 отсто, на 1.574 поени, додека индексот Nasdaq беше во плус за 1,50 проценти, на 3.264 индексни поени.Меѓу најголемите добитници со раст од 1,9 отсто беше индексот на рударскиот сектор, што се должи на стабилизација на цените на суровините по остриот пад од претходниот ден.Поради стравувањето на инвеститорите дека забавувањето на растот на најголемите светски економии, американската и кинеската, би можело да предизвика пад на побарувачката на суровини, цената на златото во понеделникот забележа рекорден пад. Но, вчера порасна за над еден отсто, а закрепнаа и цените на нафтата и другите суровини.Позитивно на берзите влијае и подобрите од очекувани квартални резултати на низа компании, меѓу останатите и на Coca-Cola и Johnson&Johnson.Иако некои компании, како што е интернет гигантот Yahoo, остварија послаби резултати од очекуваното, во првата недела од сезоната на објава на деловните резултати повеќето компании известија за солидни заработувачки.Инвеститорите вчера ги охрабрија и макроекономските податоци. Во март бројот на започнати градења на куќи пораснал за седум отсто, на 1,04 милиони, највисоко ниво за речиси пет години.Покрај тоа, во март паднала и инфлацијата, што и дава простор на американската централна банка и натаму да води многу лабава монетарна политика.
МакфаксБерзанските индекси на Волстрит во вторникот надокнадија дел од загубите од претходниот ден, бидејќи инвеститорите ги