Напаѓач пукал во човекот кој ги шетал кучињата на Лејди Гага, за потоа истите да ги украде. Пејачката сега нуди награда од 500.000 долари за оној кој ќе ги пронајде кучињата, пренесе BBC.
Украдени се два француски булдози откако вооружен човек пукал во Рајан Фишер, човекот задолжен за шетање на кучињата. Тој бил пренесен во болница, неговата состојба е непозната, потврди за BBC полицијата во Лос Анџелес.
Лејди Гага понуди награда за враќање на кучињата, во моментов таа е во Рим каде работи на новиот филм на Ридли Скот.
Полицијата во Лос Анџелес потврди дека се во потрага по напаѓачот, имаат и можен осомничен кој избегал од местото на настанот со бело возило. Не е познато дали кучињата биле целта на нападот.