ВОЈНА НА ДРОНОВИ | Вакво уништување на тенк досега не сте виделе (видео)

Украинската војска објави воздушна снимка на која се гледа дрон што пробива низ дрвјата на рускиот главен борбен тенк.

ВОЈНА НА ДРОНОВИ | Вакво уништување на тенк досега не сте виделе (видео)

Видеото е добиено од 72-та механизирана бригада во средата, 8-ми март, заедно со изјава во која се вели: „Ние сме кошмар за непријателските тенкови. Затоа што ние ги сакаме нашите војници, но непријателските тенкови не“.

На снимката многу јасно се гледаат како бомби се фрлаат од дрон врз руски тенк.

Снимени од горе со беспилотно летало, на сликите се гледа како дрон фрла неколку бомби врз руски тенк, а подоцна директно во отворениот отвор на тенкот.

По експлозијата може да се види чад што излегува од отворот.

Сајтот за разузнавање со отворен код Oryx, кој собира фото и видео докази за материјални загуби на двете страни од конфликтот, известува дека сега визуелно е потврдено дека 1807 руски тенкови биле уништени или заробени во Украина откако Русија започнала со инвазијата.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.