Војната во Украина предизвика најголем бран бегалци од Втората светска војна

Aгенцијата за бегалци на Обединети нации (УНХЦР) соопшти дека руската инвазија врз Украина предизвикала најголем бран бегалци од Втората светска војна.

– Повеќе од 7,9 милиони луѓе ја напуштиле земјата досега, а уште 5,9 милиони се раселени во Украина, изјави претставникот на УНХЦР во Германија, Катарина Лумп.
Таа додаде дека поради руската инвазија има 14 милиони бегалци, што е повеќе од една третина од вкупното население на Украина, која има 41 милион жители

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.