Како што може да се види се усреќиле пред изборите голем број на нови административци. Над 4100 огласи биле објавени само за два месеци. Притоа никој не објави бројки за тоа колку на годишно ниво овие новопечени корисници на државниот буџет и парите на граѓаните навистина и ќе чинат…
Заменската министерка на Мицковски најави дека ќе ги преиспитала некои од нив. Ние сме спремни да се кладиме дека ниеден оглас нема да биде поништен. Да видиме дали времето ќе ја демантира неа или нас.