Вратени 118 македонски граѓани од Малта, се организира и враќање од Хрватска- авиопревозот си го плаќаат сами, карантинот на товар на државата

Министерството за надворешни работи информира дека во соработка со Генералниот секретаријат на Владата и Министерството за здравство, денеска организираше враќање во земјата на 118 македонски граѓани од Ла Валета, Малта, а во попладневните часови ќе бидат превезени и наши граѓани од Загреб.
Репатријацијата беше организирана со летови на авиопревозникот Wizzair, којшто за овие две дестинации на јавниот повик од Владата, понуди најниска цена за авио билетите. Од МНР потсетуваат, дека граѓаните се обврзани сами да ги покријат трошоците за авио превозот, додека задолжителниот 15-дневен карантин којшто беше еден од условите за нивно враќање е на товар на државата.
Воедно, повикувајќи се на приниципите на солидарност и во духот на добрата регионална соработка, на овие летови ќе бидат превезени и девет странски државјани – по четворица од Хрватска и од Црна Гора и еден од Косово.
-Министерството за надворешни работи упатува благодарност кон надлежните власти во Албанија, Хрватска, Италија, Косово/НАТО, Србија, Босна и Малта за соработката при издавање на дозволи за прелет и целокупната поддршка во овие отежнати околности. МНР продолжува со напорите за помош при враќање во земјава на затекнатите македонски граѓани без регулиран престој во странство, стои во соопштението.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.