Вратете го стариот сјај на вашите омилени сандали: Едноставен трик како да ги отстраните црните дамки од стапалата

Ако сте забележале црни дамки на вашите омилени сандали што се појавуваат кога нозете ви се потат во текот на топлите летни денови, не грижете се. Омилените сандали или влечки можете да ги исчистите со овој едноставен трик од ТикТок.
Сè што треба да направите е да ја испрскате внатрешноста на сандалите со бел оцет, а потоа да навлажните една крпа и да ја истриете нечистотијата. Ако станува збор за тврдокорна дамка, повторете ја постапката неколку пати. Погледнете го целиот процес на видеото.
Ако се прашувате дали непријатниот мирис на оцет ќе остане на сандалите, не грижете се, тој ќе испари штом ќе се исушат.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.