Целосната одлука со образложение на истата, како што посочуваат од Судот, ќе биде објавена на судскиот портал, согласно рокот определен во Изборниот законик
Управниот суд вечерва информира дека се запира постапката по тужбата што коалицијата „Вреди“ ја поднесе против решението на Државната изборна комисија (ДИК) за изборните резултати од парламентарните избори на избирачко место во Долна Бањица, Гостиварско.
„Управниот суд ја известува јавноста дека на ден 16.05.2024 година, судечкиот совет по предметот УРП.бр.86/24, оформен по тужба поднесена од коалиција ‘Влен’ на парламентарните избори 2024 година, против решение УП1 10-14 од 14.05.2024 година го донесе и јавно го објави, следното решение: Постапката по тужбата на тужителот коалиција ‘Влен’, поднесена преку овластен претставник на подносителот на листа на кандидати за пратеници во Собранието на Република Северна Македонија, Башким Хасани од Долна Баница – Гостивар, против решението на Државна изборна комисија УП1 10-14 од 14.05.2024 година, се запира“,
се наведува во соопштението на Управниот суд,
Целосната одлука со образложение на истата, како што посочуваат од Судот, ќе биде објавена на судскиот портал, согласно рокот определен во Изборниот законик.
Претходно денеска МИА пренесе дека коалицијата „Вреди“ на почетокот на денешната јавна седница на Управниот суд ја повлекла тужбата по одлуката на ДИК за одбивање на нивниот приговор за избирачко место 0511 во Долна Бањица во Општина Гостивар во врска со изборниот резултат на парламентарните избори. Засега не е позната причината поради која „Вреди“ ја повлече тужбата против решението на ДИК.
До Државната изборна комисија (ДИК) беа поднесени вкупно 27 приговори во врска со резултатите на парламентарните ибори. Од нив, ДИК прифати седум приговора.