Време е да дознаете што е правилото 80:20!

Иако нема некои големи тајни во губењето на килограми (секако, ако не постои здравствен проблем), дека е лесно да се изгубат веројатно 90 % од популацијата ќе беа на “послабата” страна.
И тоа не само поради изгледот, туку поради бројните здравствени придобивки кои ги донесува фигурата со помал обем.
Можеби дури најголемиот проблем се крие во нашиот мозок, оној момент кога ќе одлучите да бидете на диета или рестрикција од било каков вид, веројатно ист е моментот во кој би се чувствувале “никогаш погладни” и да добиете поголема желба за својата храна која сте си ја забраниле.


Токму тука може да се вметне правилото 80:20 кое редовно го користат познатите светски лица во процесот на слабеење.
Идејата која се крие зад ова правило всушност е многу едноставна – 80% од времето фокусирајте се на здрава исхрана додека остатокот од времето 20 % може да консумирате “забранети” работи, поточно помалку здрави намирници.


Односно, ако дневно јадете три оброци, тоа значи дека четири оброци во неделата можат да бидат нездрави. Ако јадете пет оброци дневно тогаш правилната исхрана може да ја прекршите со седум нездрави оброци.
Во секој случај, внимавајте на количината на намирници кога ќе одлучете да јадете нешто надвор од планот и запомнете – не си забранувајте себе ништо и тоа е единствениот начин да успеете.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.