До самиот крај на овој месец нашата територија ќе се наоѓа под влијание на јужно и на југозападно воздушно струење, како и на топла воздушна маса од југ. Токму ова ќе условува и понатаму да имаме невообичаено топло време за овој период од годината, а ќе биде спарно и мачно.
- За еден месец има шест пријави за врсничко насилство
- Македонските штабни офицери континуирано ја следат безбедносната состојба на јужната граница на Либан
- Дваесет и девет години од обидот за атентат врз првиот претседател на Македонија, Киро Глигоров
- Политико: Бајден „фрустриран“ од Израел
- Видео конференциска врска на Мисајловски и Лафчиски со македонските офицери во Либан
- (Видео) Тешка сообраќајна несреќа на Патот Битола – Прилеп: Цело семејство загина откако камион директно удри во нив
- Условна за Скопјанец, од омраза нападнал припадник на ЛГБТ заедницата, го удирал со клоци и тупаници по главата и телото
- Најстудено во Берово, најтопло во Демир Капија
- 120 жртви го обвинуваат Шон Диди – злоупотребил момче и во пијалоците подметнал средство за смирување на коњи
Во исто време од Сахара кон нашата територија ќе се врши транспорт на прашина и на песок.
Дестабилизирање на атмосферата ќе има во среда доцна попладне и во текот на ноќта кон четврток, како и во четврток кога ќе има повремени врнежи од дожд и тие локално ќе бидат поројни и проследени со појава на грмежи.
И во следниот период ќе дува јужен и југозападен ветер, и тој повремено ќе засилува на интензитет.
Наутро температурите ќе се спуштаат во интервалот од 8 до 16 степени, а преку ден тие ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 20 и 27 степени.
Во Скопје и околината температурата ќе се искачува во интервалот помеѓу 23 и 25 степени.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.