Временска прогноза за септември

Од месец август ни остануваат уште само неколку дена. Оваа лето речиси и да не почувствувавме вистински летни температури.
Кога се споменува месец септември, веднаш тоа асоцира на есен и на есенски температури. Децата од први септември се враќаат во училишните клупи, а веднаш потоа настапува и една промена во времето.
Според AccuWeather, oваа недела од август не очекува сончево време. Последната недела веќе се најавуваат нешто пониски температури, проследени со дожд.
Од први септември се најавуваат веќе есенски температури. Дневната не се очекува да достигне повеќе од 27 степени. Од средината на септември веќе се најавува дожд и пониски температури.
Последната недела од септември температурата ќе се спушти под 20 степени.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.