Во Македонија денес времето претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец. Попладне, претежно во северните и западните делови ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за изолирана појава на град. Утринската температура ќе се движи од 12 до 21, а дневната од 26 до 37 степени Целзиусови.
И во Скопје и околината слично време. Утринската температура до 18, а дневната ќе достигне до 34 степени.