Втор случај на заболен од западнонилска треска во Македонија годинава

Средовечен маж е втор случај годинава кој бил примен како заболен од западнонилска треска на Клиниката за инфективни болести, објави ТВ “Сител“.
Се работи за професионален возач од Скопје, а хоспитализиран бил откако дијагнозата лабораториски му била потврдена пред два дена, но сега е во добра здравствена состојба и деновиве ќе биде пуштен на домашно лекување.
Заболениот возел надвор од границите на земјата и како што им кажал на лекарите, не почувствувал кога бил каснат од комарец. На Клиниката на одделот за интензивна нега веќе две недели е и 66-годишниот скопјанец со западнонилска треска кој заврши во болница со воспаление на мозокот, но овој пациент се бори и со хроничните заболувања што ги има.
Во Македонија досега се регистрирани 24 случаи на западнонилска треска, а најфатална беше 2012 со три смртни случаи.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.