Група вработени во Агенцијата за разузнавање (АР) испратија анонимно писмо до медиумите, до неколку странски амбасади и до кабинетот на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова со кое укажуваат дека добиле сознанија дека премиерот планира да ја укине Агенцијата за национална безбедност и Агенцијата за разузнавање и да воспостави нова партиска служба.
Второ соопштение за медиумите Ви го пренесуваме во целост:
План за спојување на АР и АНБ.
Тимот кој го крои планот и законот за новата безбедносна служба, која според програмата треба да се вика Агенција за Безбедност?!, е следниот:
1. Гордана Јанкуловска – осуден криминалец, дел од црното минато на Македонија, виновник за многу пропаднати фамилии и зацрнети судбини на македонскиот народ. Некогашна десна рака на лица кои се на црната листа на САД. Истата го пишува новиот предлог закон по сличен обид од 2010 година кога сакаше да ги спои службите. Покрај тоа активно одработува за моменталната влада сиви активности, забележана е во повеќе градови како се среќава со лица од подземјето.
2. Горан Николовски викан „Џони“ – Лице врз кое има активно обвинение и случаи за корупција во ДКСК. Лице кое беше своевиден Сталин и Гестапо против својот народ. Лице кое ги гонеше сите Македонски Патриотски Здруженија и активно работеше за промена на името. Лице кое ја злоупотреби службената положба и користеше надвор од своите овластувања комбиња со опрема да прислушкува во Република Германија и други земји по нарачка на странски бизнисмени. Лице кое со операција „АТЛАНТИК“ го тероризираше секој поединец и фамилија кој беа против промена на името во 2018. Во моментов е на платен список неофицијално кај Христијан Мицковски, а во наредниот период планира да му стане официјален Советник за Национална Безбедност. Во минатото бил на платен список кај олигархот Орце Камчев кој е на црна листа на САД и е во тесни врски со Русија и Кина.
3. Љупчо Андоновски – Едниот син му работи во АНБ другиот е Министер за Информатичко Општество. Глуми експерт по нарачка на Премиерот само за да обезбеди повисока позиција за синот во АНБ, односно во новата служба.
4. Душко Марковски – Директор на Маркетинг во Алкалоид, можеби најчудниот момент во обидот за спојување на службите. Лице кое нема допирни точки со безбедност или разузнавање, премиерот го планира да биде директор на новата служба. Лице кое нема безбедносна култура и често е забележуван како користи услуги на проституција во Белград.
Почитувана јавност и медиуми, ова се криминалците и бандитите кои треба да го реформираат безбедносниот сектор. Душко Марковски треба да биде директор на новата служба само затоа што е другар на премиерот, а не исполнува никаков услов. Горан Николовски – Џони, Советник за Национална Безбедност на премиер бидејќи некој олигарх платил дебели пари.
Познат ни е новиот закон што го пишува Гордана Јанкуловска во нејзиниот подрум, во суштина нема никаква реформа освен тотална контрола од страна на премиерот, поставување партиски кадри, одземање на ингеренциите на Претседател и укинување на сите операции на Агенција за Разузнавање. Планираат бркање на 70% од АР и 70% од АНБ од моментално вработените лица.
Можеме со сигурност да кажеме дека припадниците на Агенцијата за Разузнавање, нема да дозволат Душко Марковски да биде директор на ни една безбедносна институција, бидејќи претставува непосредна опасност по националните интереси на Република Македонија. Апелираме и до сите вработени професионалци во АНБ и АР, активно да одбиваат усни наредби, а писмените наредби кои водат до кривични дела да ги пријавуваат во обвинителство. За жал Македонија во моментов е тотално инфилтрирана од страна на Русија и Кина преку три сателит држави. Ние знаеме дека премиерот има резервни држави и уште од сега си има план како неговиот претходник да бега кај својот работодавец во Белград или Москва доколку за тоа има потреба. Жално е што го лаже своето членство, а во позадина сака да постави лица кои работеле и против интересите на Македонија, а и против неговото партиско членство. Исто така додека го лаже членството за некакви си спектакуларни апсења, на линија е со Зоран Заев секојдневно преку неговиот баџанак Јорданчо Јанев, а директно комуницира со Вице Заев на дневна основа.
Исто така одредени партиски дилетанти како Владимир Нелоски и Игор Јанушев, упорно вртат по амбасади барајќи поддршка за одредени лица, вклучително и Заменик Директорката на АР. Јавно ве информираме дека немате поддршка од ниедна западна земја. Напротив, ви ги знаат сите фирми и шеми преку кои планирате да ги перете парите за локални избори. Подобро ќе биде да им објаснете колку пари за консултантски услуги ќе добие жената на Нелоски? Или можеби новата фирма на озогласениот осуден криминалец Миле Јанакиески МЈКонсалтинг? Тоа ги интересира на нашите стратешки партнери, а не да вртите барајќи услуги за вашите швалерки.
Би го запрашале премиерот:
Колку пари ви плати Живко Мукаетов, Душко Марковски да е директор, а Љупчо Мреновски советник за национална безбедност на Гордана Силјановска?
Колку пари ви плати Орце Камчев за Горан Николовски да ви биде потрчко и десна рака?
Зошто ја замајувате јавноста дека ДУИ спрема дестабилизација а упорно го чувате заменик директорот на АНБ Бесник Ферати кој е прв човек на Али Ахмети за безбедност и член на ДУИ?
Дали вашата постојана комуникација со Али Ахмети, значи дека ДУИ влегува во влада?
Дали и се заканивте на Гордана Силјановска со импичмент кога се бираше новата Заменик Директорка на АР, иако таа не исполнува услови за тоа место?
Ја повикуваме уште еднаш Претседателката Гордана Силјановска, да се разбуди од зимскиот сон и да се спротивстави на лошите одлуки поврзани со АР и безбедносниот сектор во Македонија.
Со почит,
Поголема група вработени во АР.