Вулин му порача на Шојгу: Ситуацијата на Косово е на работ на конфликт – сакаат да ги исчистат Србите

Српскиот вицепремиер Александар Вулин денеска во Москва се сретна со секретарот на Советот за безбедност на Руската Федерација, Сергеј Шојгу, со кого разговарал за заедничките интереси на двете земји и актуелната ситуација во јужната српска покраина.

Според соопштението, Вулин посочил дека политиката на таканаречените власти во Приштина е етничко чистење на Косово и Метохија од Србите и се заблагодарил на Русија за доследно почитување на суверенитетот и територијалниот интегритет на Србија.

Вицепремиерот му се заблагодари на секретарот Шојгу за поканата да учествува на состанокот на високи безбедносни претставници на БРИКС и земјите партнери во Санкт Петербург организиран од Советот за безбедност на Русија.

Пронајдете не на следниве мрежи: