Вучиќ: Домашни тајкуни и странски сили работат против интересите на Србија

Одредени домашни и странски сили и тајкуни работат против интересите на Србија, истакна во гостување на Телевизија Хепи претседателот на Србија, Александар Вучиќ.

Исчезнат жител на Младо Нагоричане
Сподели со своите пријатели: Чиетиресет и едногодишник од селото Младо Нагоричане бил пријавен за исчезнат вчеравечер од неговата мајка. – На 22.11.2024 година во 20.30 часот …
Висока загаденост на воздухот во Македонија: Во Кичево девет пати над дозволеното
Загаденоста на воздухот вечерва во Македонија е на високо ниво, покажуваат податоците од платформата на Министерството за животна средина air.moepp.gov.mk Дозволени според закон во Македонија се …

Претседателот истакна дека доколку победи неговата опција „Србија не смее да запре“ предводена од него, државата ќе продолжи финансиски да ги поддржува граѓаните и дека се планираат и други големи проекти.

Тој додаде дека, доколку загубат на овие избори, ќе ги признаат резултатите и ќе ги остават „експертите“ да ја водат Србија „под палката на Ѓилас“.

Според него, луѓето треба да знаат дека по изборите сите листи на опозицијата ќе се обединат и ќе станат едно во ист ден.

– Има две опции – за ‘Србија не смее да запре’ или за списокот на Драган Ѓилас. Која е разликата освен некој што се обидува да ти го одземе патриотскиот глас. Овој пат не се кријат – рече Вучиќ.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.