Вучиќ не е изненаден од тоа како гласале земјите од регионот во Дубаи

Коментирајќи го гласањето за прием на Косово во Интерпол српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека не е изненаден како гласале земјите од регионот вчера во Дубаи. Тој ги наведе Македонија, Црна Гора, Хрватска, Словенија, Бугарија како земји кои гласале за приемот на Приштина, а Унгарија како пријателска земја која се воздржала.
„Во однос на регионот немаше изненадување. Црна Гора и Македонија се секогаш против нас. Црна Гора, Македонија, Хрватска, Словенија, Бугарија, секогаш се против нас“, рече Вучиќ во изјавата за ТВ “Пинк“.
Тој не заборави да потсети дека иако Србија ја признала Македонија под нејзиното уставно име, Скопје од друга страна, ја призна независноста на Косово.
„Тие имаат свои пријатели, и Скопје и Подгорица – во Приштина. На нив Албанците им се искрени пријатели. А нам ни испраќаат јасна порака – вие сте ни второкласни пријатели, помалку важни или помали пријатели. Нашиот одговор на ова е дека ќе имаме најдобра можна соработка, а нивната порака ја прифативме и добро ја разбравме кој им е поблизок и поважен“, објасни Вучиќ.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.