Вучиќ: Ќе имаме многу маки и проблеми во иднина

Српскиот претседател Александар Вучиќ на Инстаграм напиша дека вчера бил еден од најтешките денови за Србија и дека во иднина ќе има многу неволји и проблеми.

– ,,Вчера беше еден од најтешките денови за Србија и никогаш не се кријам од луѓето кога се случуваат такви работи. Ќе имаме многу маки и проблеми со кои ќе се соочиме во иднина и затоа ни е потребно единство” – порача Вучиќ во видео на Инстаграм.

-,,Од оние од кои очекував одговорноста да ја преземат во свои раце и што требаше да ја покажат на дело, не добивме ништо. Добивме нивно обединување, без разлика што пред само неколку дена го зборуваа спротивното, на тема која не треба да се фрла против никого. За жал, и овојпат избраа да одат против Србија. На нив и на сите меѓународни претставници, а пред сè на вас, почитувани граѓани на Србија, ќе ви се обратам и ќе зборувам за сè, за сите теми, за сите проблеми со кои се соочуваме и за изборите што ни претстојат. Очекувајте мое обраќање во понеделник попладне. Ќе ја спасиме и браниме Србија. Да живее Србија“, рече Вучиќ, пренесува Танјуг.


Пронајдете не на следниве мрежи: