Стратегот на Вардар Веселин Вујовиќ не го криеше задоволството од победата над големиот ривал Металург, по која ‘црвено-црните’ изборија пласман во финалето во СЕХА лигата. Вујовиќ не го криеше разочарувањето што од екипата на Металург решија да не се појават на прес конференцијата по завршувањето на натпреварот.„Јас да загубев сигурно ќе се појавев на прес конференција, не гледам причина зошто не би се појавил. Но добро јас имам свој начин на размислување, колега Червар свој.Вардар и Металург одиграа многу добар натпревар, нив сигурно ги поремети неиграњето на Миркуловски и Маркоски. Вардар го контролираше мечот од првата до последната минута, да не беа грешките кои ги направивме во финишот разликата можеше да биде и поголема. Задоволен сум што го победивме големиот ривал во најголемото ракометно дерби на Балканот. На Металург има ја посакувам целата среќа на овој свет, да имаат сила да се пласираат на Фајналфор турнирот во Евролигата, со што и оваа нашата победа ќе има уште поголемо значење“, рече предводникот на Вардар.Инаку Вујовиќ смета дека неговиот тим овој натпревар го добил уште пред неговиот почеток, истакнувајќи дека на Металург му е многу поважен мечот со Киелце во Лигата на шампиони кој се игра за една недела.„Искрено овој натпревар го добивме и пред неговиот почеток. Во сите изјави пред полуфиналето Вардар беше мотивиран, а Металург повеќе размислуваше за натпреварот кој го игра за една недела. Но Вардар и на теренот покажа дека барем во овој момент сме подобри. Тактички натпреварот не беше нешто посебно, Металург играше онака како што игра цела оваа година, натпреварот беше со многу прекини и фаули. На овој натпревар малку имаше од убавината на ракометната игра“, рече Вујовиќ, дополнувајќи дека победата над Металург нема да значи ништо доколку во завршниот меч не забележат победа над Загреб.Вардар во финалето во СЕХА конкуренцијата, ќе ја брани титулата в недела против екипата на Загреб.
МакфаксСтратегот на Вардар Веселин Вујовиќ не го криеше задоволството од победата над големиот ривал Металург, по која &lsquo