Илјадници граѓани присуствуваа на прошетката низ центарот на Сараево наречена “Традиционален ден на семејството“, организирана како протест на првата парада на гордоста во Босна, закажана за денес.
На почетокот на прошетката, организаторите ги предупредија учесниците дека митингот мора да се одржи мирно, без навреди и извици, a учесниците на митингот носеа розова и сина боја. Тие носеа и транспаренти на кои што пишува , “Зошто не се почитува волјата на мнозинството“, “Поддршка за биолошки опстанок“, “Силата на нацијата почива во интегритетот на семејството“ и слично.
Во пресрет на денешната прва геј парада во Сараево, босанските власти преземаа големи безбедносни мерки, па според најавите бројот на полицајци ќе биде двојно поголем отколку бројот на учесници на парадата.