Вчера во 17:30 часот на магистралниот пат Куманово-Граничен премин Пелинце, на место викано “Бели Грамаде“, патничко возило “Сеат Ибица“ со бугарски национални ознаки, управувано од 42-годишниот И.Д. од Куманово, излетало од коловозот и удрило во дрвo. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката Ј.Н., а возачот И.Д. и сопатникот Д.Д. се здобиле со телесни повреди. Со возило на Итна медицинска помош сите тројца биле пренесени во болницата во Куманово каде им била укажана лекарска помош.
На местото на настанот увид извршила екипа од СВР Куманово.