Маж во Шведска се спаси од апсење откако габел од рацете му ја украл ќесичката со марихуана и одлетал со неа во момент кога на мажот му се приближувале полицајците.
Портпаролот на полицијата во Гетеборг изјавил дека според проценките на полицајците, кои го забележале случајот на еден фестивал, во ќесичката имало околу 10 грама канабис, меѓутоа бидејќи го снемало доказот, не дошло ни до апсење.
-Полицијата не очекуваше дека ќе се вмеша некој трет. На тоа место има голем број галеби, но еден од нив ја виде својата шанса и ја искористи. Полицајците само гледаа како галебот исчезнува кон небото, изјавил портпаролот.