Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Битола поведе постапка и предложи притвор за 27-годишник со двојно македонско и австралиско државјанство, за кого постои сомнение дека сторил – Напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста од член 383 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.
На 10 март, на крстосница меѓу улиците „Партизанска“ и „Михајло Андоновски“ во Битола, осомничениот во видно алкохолизирана состојба управувал со автомобил БМВ Х6. Двајца полициски службеници го запреле и се обиделе да го легитимираат, по што осомничениот најпрво започнал да ги навредува, а потоа и физички го нападнал едниот полицаец, удирајќи го по главата и вратот. Полицајците го совладале и го уапсиле.
Судијата на претходна постапка од Основниот суд во Битола го прифати предлогот на обвинителот и на осомничениот му определи притвор во траење од осум дена.
- И дел од српските медиуми тргнаа „во војна“ со студентите: Објавени лични податоци на двајца студенти кои се дел од протеститеИ дел од српските медиуми тргнаа во „војна“ со студентите кои се- прочитај повеќе
- Вторник е неработен ден – Ова се сите неработни денови за годинаваНедаботните денови за 2025 година во продолжение: За сите граѓани на РМ:- прочитај повеќе
- Белгија откри тежок метал во замрзнати малини од СрбијаБелгија во петокот ја извести Европската комисија дека пронашла метал кадмиум во- прочитај повеќе
- Белата куќа вложува максимални напори за безбедност на инаугурацијата на ТрампБелата куќа презема приоритетни мерки за да ја осигура безбедноста за инаугурацијата- прочитај повеќе
- Турскиот извоз лани достигна рекордно високо ниво од 262 милијарди долариТурскиот извоз лани достигна рекордно високо ниво од 262 милијарди долари, што- прочитај повеќе