Гвардиола со порака до Челси: Не го отпуштајте Потер!

Менаџерот на англискиот првак Манчестер сити, Пеп Гвардиола му порача на раководството на Челси после денешниот убедлив триумф на „граѓаните“ во ФА-купот со 4-0 да не размислуваат за отказ на Грахам Потер од клупата, тренерот кој дојде како наследник на Томас Тухел во септември.

Сити во три дена двапати го победи Челси, прво во Премиерлигата, па во ФА-Купот, а откако „сините“ имаат само една победа во веќе двомесечен период, клупата сериозно е разнишана на екс-тренерот на Брајтон за кого „сините“ платија 30 милиони евра отштета, а веќе се соочува со отказ по само четири месеци како тренер на „Стемфорд бриџ“.

Пронајдете не на следниве мрежи: